Образовниот систем е безбеден и државната матура ќе се спроведен во законскиот рок, вели министерката за образование и наука, Мила Царовска, нагласувајќи дека тоа ќе се случи ако состојбата со епидемијата остане како што е сега.

Царовска соопшти дека до вчера, во наставата со физичко присуство има околу 70 ученици кај кои е потврден ковид-19 и 160 наставници. Според неа процентот на заболени е под 1 отсто и со оваа динамика образозвниот процес може да продолжи да тече.

Матурата е обврзна зашто на тој начин имаат стартна позиција да се запишат на факултет. Таа е одредено ниво на знаење и верификација на тоа знаење. Компромис со квалитетот не смее да се прави во држави кои се стремат кон европски критериуми и кои внимаваат дека нивните генерации, кои потоа треба да ја раководат државата, мора да имаат капацитет и потенцијал – рече Царовска при денешната посета на ПОУ „Д-р Златан Сремец“.

Министерката потсети дека матурантите треба да се пријават за државна матура до законскиот рок, 31 декемвери, и дека веќе се пријавуваат проектните задачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.