Академик Божин Павловски реагира на интервјуто на премиерот Зоран Заев за грчката телевизја „Алфа“ во кое говори за македонската историја. Павловски смета дека ставовите на Заев и неговото гледање на историјата може да го разораи целиот образовен систем и кој без тоа минува низ криза.

Господине Заев, за ова што си го изјавил пред грчкиот телевизиски аудиториум во држава што поседува изградени политички критериуми би морал да се засрамиш. 99 проценти од македонската наука, култура и уметност е беспрекорно коректна кон сите свои соседи. Доказ се над 70 илјади наслови на книги и публикации во нашите библиотеки и архиви. Зошто толку лаички и смртно опасно го поткопуваш нашиот духовен живот? Твоето површно гледање на работите може да го разори целиот образовен систем, кој и без тоа минува низ криза. Размислувај пред да отвориш уста, те молам, реагира Павловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.