Малку е да се каже дека сте неспособни. Вие сте жив зијан, им порача Сашо Тасевски на СДСМ и власта, откако денеска бројот на новозаразени драстично се зголеми.

Каде она сакавте да одите на 21 јуни?
На избори?
Затоа што прогласивте победа над короната, така нешто беше, нАли?
Пред три дена паѓате во транс на прес, колку јако сте се покажале во борбата со короната, така беше?
Се фалевте до подмочување, колку сте блескале на линијата на одбраната.
Од каде тогаш, денес, 58 новозаразени.
Тоа ви е Новата нормалност?
Кога во регионот дневно имаат НУЛА или по еден новозаразен, а ние ја натфрламе двоцифрена бројка заразени од претходниот ден.
Тоа од првиот ден го кажуваме, не знаете каде терате. Ајде сега пак Филипче и Караџовски да излезат и онака машки да кажат, одлично работиме, заразата е победена… И да не заборават да спомнат дека блескаме.
Малку е да се каже дека сте неспособни. Вие сте жив зијан, порача Тасевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.