Aктерот Сашо Тасевски го коментира на Фејсбук дивеењето на навивачката група „шверцери“ во Македонски народен театар.

Имале право да слават и притоа да дивеат низ театарот. Тоа го изјавува министерот Албанец. Албанци сме, ни се може, така? Ние, па, белите мечки. Заштитени со закон. Ти министре мора одма да си дадеш оставка. Наоѓаш оправдување за хулиганите, наместо жестоко да ги осудиш. Ова никаде го нема. Министер еееееј. Сами живеете во државава? До кога ќе се толерира ова? До кога двојни аршини? Едни за Албанците, други за останатите? Кого имате намера како власт да повикате на одговорност? Кој дозволи навивачка група позната по националшовинистички испади да слави во Македонскиот народен театар?
Прашања на кои нема да има одговор. Ниту некој ќе одговара. Ајде мапите на маса и ножиците. Натаму оди“, пишува Тасевски, кој кратко време беше директор на Драмски театар во времето на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.