Лидерот на ДУИ Али Ахмети не отстапува од досегашните поставени црвени линии за ротирачки Албанец премиер. Во изјава за медиумите, Ахмети потенцираше дека СДСМ треба да дадат силни аргументи зошто Албанец не би можел да биде премиер.

Доколку аргументот е силен тогаш отворени сме да дебатираме, зошто не премиер Албанец, прашува Ахмети.

Ахмети најави денеска средба со Зоран Заев и посочи дека преговорите не одат во лош правец.

Првиот човек на ДУИ денеска остана само со новинарите, бидејќи закажаната средба со лидерите на другите албански политички партии по повод Рамковниот договор не се одржа. Според него со недоаѓањето на лидерите од албанскиот блок ја намалуваат силата и притисокот врз Заев. Тој посочи дека ДУИ е главен фактор за стабилност.

За нова средба како што лидерите на останатите албански политички партии бараа да биде по 17 август, Ахмети посочи дека сега е нивен ред да организираат средба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.