Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети по посетата на гостиварските села Лакавица и Србиново даде изјава во која потенцираше оти „смета дека последните настани со случајот „Рекет“ и притварањето на специјалната обвинителка Катица Јанева не се сценарио, туку сплет на околности кои треба до крај да се расветлат“.

Пред лицето на правдата треба да биде изведен секој кој ги прекршил законите. Не сметам дека ова е сценарио на некакви кругови и наметнато од страна. Тоа настанало во околности кои треба да се истражат и расветлат. Тука станува збор за личната алчност на поединци. „Алчноста го уништува човекот“ е израз на нашиот народ кој сé објаснува. Секако дека е скандал и тоа ме разочара, рече Ахмети.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.