12 април е договорен консензус. За да се одложи овој изборен термин ќе треба да биде одложен со договор од сите партии, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешниот предновогодишен брифинг со новинарите.

Ахмети вели дека во овој момент тоа е невозможно. Порачува дека утре на состанокот со Христијан Мицкоски очекува до го чуе името на предлогот на Мицкоски за технички министер во МВР. Не сакаше да прецизира каков профил му бил прифатлив. Порача дека ако ДУИ победи во албанскиот кампт, не би било добро за државата да се повтори 2006, кога остана партијата надвор од Владата, па 1,5 година мораше да има избори.

Според него, Оливер Спасовски има најголема можност за технички премиер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.