Уште не сме разговарале за кандидатите за градоначалници за локалните избори. Има уште време за да размислиме за кандидатите, рече претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Уште не се разговарало на оваа тема заради корона вирусот. Секако дека нема да доцниме. Според информациите кои што ми ги даде претседателот на Парламентот Талат Џафери на 3 октомври треба да се одржат локалните избори. Има уште време за да седнеме за да размислуваме и да ги направиме вистинските оценки за локалните избори – истакна Ахмети, во одговор на новинарско прашање на одбележувањето на Денот на независноста на Република Косово.

Околу прашањето дали во личните карти треба да стои националниот идентитет или само државјанството Ахмети изјави дека тие ќе поддржат тоа што ќе се оцени како подобро решение.

Прашањето за личните карти е прашање што е веќе е дискутирано. Дали треба да стои националниот идентитет или само државјанството е прашање што е во процес на институциите и ние ќе поддржиме такво решение што ќе се оцени како најдобро – рече Ахмети.

Коментирајќи ја изјавата на градоначалникот на Општина Струга Рамиз Мерко дека нема дивоградби и оти барањата од УНЕСКО се нереални, претседателот на ДУИ рече дека не е ниту градежник, ниту техничар за да оценува, но оти оти не смееме да одиме против стандардите на УНЕСКО.

Ова прашање треба да се разгледува во рамките на институционалните патишта и е нешто што не може да се крие. Околу тоа дали градбите се на вистинските места, дали има регуларни или нерегуларни процедури, јас не сум ниту техничар, и ниту градежник за да ги знам внатрешните случувања. Но, ние не смееме да одиме спротивно на стандардите на УНЕСКО или другите меѓународни стандарди – рече Ахмети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.