Оваа пролет, ќе се излезе од ќор-сокакот и проблемот со Бугарија ќе биде решен, изјави Али Ахмети, лидер на Демократска унија за интеграција (ДУИ).

Тој ова тврдење го искажа во одговорот на прашање во синоќешната емисија „Политика“ на гостиварската локална телевизија ТВ Глоби.

Во интерес е и на Вашингтон и на Брисел да се реши ова прашање. Во овие 20 години ниту еднаш не сум бил разочаран од нивните постапки. Јас сум оптимист дека овој проблем ќе се реши уште во рана пролет. Решението ќе дојде пред парламентарните избори во Бугарија, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Тој нагласи дека ќе се најде решение, дебатата ќе се одвива за историјата и историските личности, додека македонскиот идентитет и јазик не се загрозени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.