Во најновиот број на неделникот „Фокус“ лидерот на ДУИ и коaлиционен партнер на СДСМ во Владата Али Ахмети и самиот ги потврди наводите дека се манипулира системот за избор на кандидати на идни судии и јавни обвинители.

Во овој период се случи предавањето на предметите на СЈО. Во една прилика изјавивте дека најголемите македонски партии треба да решаваат за иднината на СЈО. Зошто на некој начин се дистанцирате, нели мислите дека и вие имате предлози за да се воспостави правен систем на Македонија во Македонија ?

Ахмети: Ние сме за владеење на правото, ние сме за тоа во оваа земја да се спроведе ветинг, да ви кажам многу отворено..

Ќе прифати ли ветинг Владата ?

АХМЕТИ: Еве колку нас ни функционира правниот систем…Кај мене има многу жалби само за последниот случај за Академијата за обвинители, како е манипулиран системот за избор на кандидати. Не знам дали има злоупотреби, но кај мене има многу жалби од кандидатите дека системот е злоупотребен и дека се внесени луѓе по препорака.

 Зборувате за последниот избор на кандидати за Академијата за обвинители. Дали тоа прашање го покренавте во Владата ?

АХМЕТИ: Јас ова прашање го покренав со меѓународната заедница затоа што меѓународната заедница тука инвестираше многу, со подготовка на кадри и со реформи..Како може ние да манипулираме со системот за избор на кандидатите…Јас немам факти, но кај мене стигнаа десетина кандидати кои изјавија дека системот за избор на кандидатите е манипулиран.

Што се однесува до прашањето за СЈО и за законот за јавно обвинителство имаше разлики помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и ние сме си изјасниле дека за разликите кои вие ги имате, прашањата кои вас ве тангираат, дека треба да седнете и да се договорите. Во принцп, тоа што се однесува до СЈО и Јавното обвинителство, ние ќе бидеме дел од тие преговори и дел од процесот. Но, за овие разлики кои се меѓу вас и не не тангираат нас, тогаш седнете и договорете, вели Ахмети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.