Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера ги избегна новинарите и пред закажаниот термин даде исказ пред обвинителката Фатиме Фетаи за случајот „Попис“, поради презафатеност.

Тој за Алсат рече дека имал агенда, а состаноците вчера му започнале уште од 10 часот, кога му било закажано да дојде пред обвинителката Фатиме Фетаи и да каже што знае за пропаднатиот попис во 2011 – та година.

Постигнавме разбирање со обвинителството, мојата изјава да биде во осум и триесет. Жал ми е за таа тема, бидејќи нема некоја цел или позадина – рече Ахмети.

Ахмети ден по распитот во обвинителството, посочи дека раскажувал за пропаднатиот попис пред девет години. Ситуацијата според него тогаш била тешка и тензична и имала етнички размер. Како пратеници во Собранието се договориле дека пописот треба да се стопира за да не се создадат проблеми.

Проценив и проценивме сите заедно дека пописот треба да се одложи. Јас сум 120 – от пратеник кој гласав овој момент да се одложи и во подобри услови да се организира подобро. Тоа беше сѐ – додава Ахмети.

Иако Ахмети не лоцира лична одговорност за пропаднатиот попис и тврди дека запирањето на пребројувањето на населението е одлука на Собранието, обвинителството ги сомничи за пропаѓањето на процесот лидерот на ДУИ и поранешниот премиер Никола Груевски. Штетата врз буџетот со запирање на процесот, обвинителството ја цени на 2,8 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.