Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска се сретна со иселениците и граѓаните на Гостивар.

На  патриотизмот со големи зборови, со полна уста, му дојде крајот. Ние треба да работиме за секој ден и без големи зборови, но со опипливи и конкретни дела. Да изградиме вредности и капацитети во администрацијата, на универзитетите. Работиме и ќе работиме за правична застапеност. Ако во 2001 година имавме 260 офицери и подофицери Албанци во АРМ, денес имаме повеќе од 2.000. Ако имавме 178 полицајци Албанци, денес имаме 2.000 млади во полиција, изјавил Ахмети на оваа средба.

Ахмети кажал дека уште не е дојдено време Македонецот да го штити интересот на Албанецот, или Албанецот интересот на Македонците, но, според него, разликите создавани со векови не може да се тргнат преку ноќ.

До пред неколку години имавме разлики со ВМРО-ДПМНЕ, сега со СДСМ, во одбрана на тоа што е албанско во ова земја. Ние направивме компромис, но не бевме подмолни, ниту лакоми за власт и сме ги поставиле легитимните приоритети и барања на Албанците, вели Ахмети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.