ДУИ остава отворена врата за одлука за консензуален кандидат изјави денеска партискиот лидер Али Ахмети. Тој не верува дека ќе има и предвремени парламентарени избори заедно со претседателските.
За доброто на државата е да имаме заеднички кандидат и да се разговара со сите политички субјекти со цел да се постигне консензус.Останува отворено прашање и ќе одлучи раководството на ДУИ. Јас не верувам дека ќе има предвремени парламентарни избори бидејќи треба Македонија има поважна агенда особено сега по затворање на важни прашања како преспански, охридски и договор со Бугарија.
Разочаран сум од албанскиот опозициски блок бидејќи не сакаат да соработуваат во однос на престедателски кандидат, вели Ахмети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.