Ќе има црвени линии за секој кој ќе се обиде да го наруши или негира Охридскиот договор, Договорот од Преспа и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети на синоќешната средба со граѓани во Струга. Тој во својот говор воедно порача дека има луѓе кои се скептични за идеите на ДУИ, има луѓе што не веруват дека може да имаат успех, но истакна дека не можат сите да ги убедат дека некој факти постојат.

„Сите вие знаете дека Албанците сонуваа за еден Скендербег да биде во еден мал дел на ова земја. И да прашавте некого пред 30 години дека нашиот национален херој ќе биде поставен во центарот на Скопје, ќе ви одговореше дека паметот ве напуштил. Денес имаме споменици на Иса Болетини и на Хасан Приштина. И да кажеше некој пред извесно време дека Талат Џафери, претседателот на Собранието, ќе го дигне знамето на НАТО, кој ќе веруваше дека тоа ќе е еден командант на Ослободителна народна армија. Премиер Албанец не може? – Зошто не може? – Никој не ми дава одговор, додека нозете им се тресат од ова идеја“, рече Ахмети на средба со граѓаните на Струга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.