Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети на средбата со новиот амбасадор на Холандија во Македонија, Дирк Јан Коп, му честита за новата функција истакнувајќи дека блиската соработка со Холандија ќе продолжи и во иднина при што му се заблагодарил за подршката што неговата земја и ја дава на нашата држава, соопшти ДУИ.

Соговорниците разменија мислења за актуелните случувања, владеењето на правото, евроатлантската интеграција на земјата и регионот.

Ахмети ја истакна посветеноста на ДУИ за постигнување функционална и доверлива неселективна правда која ќе се постигне преку спроведување на ветинг.

Во врска со одлуката на Советот на Европската Унија кон средината на овој месец, Ахмети рече дека очекува Македонија и Албанија, со поддршка на Холандија, да добијат датум за почеток на преговори за членство во ЕУ.

Ова ќе придонесе за подлабоко реформирање на нашите земји во согласност со очекувањата од Брисел, но и ќе го стабилизира нашиот регион.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.