Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во фостување на ТВ 21 изјави дека очекува до крајот на годинава да има добри вести од Софија во врска со спорот со Македонија.

Надминувањето на недоразбирањата меѓу двете земји е прашање на време. Не мислам дека е време да споделувам со јвноста за понудите или последните документи кои се разменети. Ќе почекаме да ја видиме реакцијата од Бугарија. Многу важен момент е за да демонстрира пред сите граѓани, особено пред нашите сожители Македонци, дека ги делиме доброто и лошото, дека ќе стоиме рамо до рамо заедно, и во решавање на овој спор. Ова е клучен историски момент да се види дека оваа земја има министер за надворешни работи и за работата што ја сработи и за зрелоста, му честитам – изјави Ахмети и додаде дека е убеден дека од ангажманот на  министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе има резултати.

Во однос на можната интерпелација поднесена од пратеници на ДУИ, Ахмети изјави дека нема загриженост за тие гласини.

Во Собранието се шпекулира дека пратеникот на ДУИ Изет Меџити може да поднесе интерпелација против вицепремиерот Артан Груби и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Нема загриженост, бидејќи, секако, доколку имаше такво нешто, сигурно господинот Меџити ќе разговараше со мене, но таквата тема досега не е отворена – изјави Ахмети.

Во однос на најавата на Блерим Беџети дека е можно да има интерпелација, Ахмети со став дека опозицијата покренува интерпелација, а за можноста тоа да биде покренато од некој од неговите сопартијци вели „зошто да не, демократија е … “.

Сепак, Ахмети, посочи дека не очекува никој од неговата партија да се приклучи на опозицијата во интерпелацијата.

Заев ги коментираше и зборовите на Заев дека „Албанците не вредат пет пари“. Според него, Заев го кажал тоа под влијание на емоции бидејќи сметал дека ДУИ со кандидатот за премиер сакал да се реваншира, но потоа лидерот на ДУИ му објаснил  дека не била тоа причината.

Ми кажа  отворено дека тоа било бидејќи ние излеговме со кандидат за премиер, и дека тоа го правиме за да се реваншираме и за да го дискредитираме ликот на господин Заев. Јас му објаснив дека тоа нема врска ни со дискредитирање, ни со реваншизам  туку дека станува збор за ветување од Вториот конгрес на ДУИ, дека ние се ориентираме кон највисоките државни органи, претседател на државата, премиер, се до тајните служби на државата. Тоа треба да ги радува сите, не само македонските политичари и граѓани на РСМ, од македонската заедница, за таа наша посветеност бидејќи ја чувствуваме оваа држава за наша, не сме лицемерни, да бидеме пристрасни или да се однесуваме како набљудувачи на настаните.  Ние преземаме одговорност за водење на оваа држава, бидејќи во душата ја чувствуваме за наша држава. И оваа држава треба заедно да ја градиме – изјави Ахмети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.