Лидерот на ДУИ Али Ахмети тврди дека партнерството меѓу ДУИ и СДСМ функционира без проблеми.

Секако дека имаме и разлики. Секако дека има и предрасуди од некој член на нашата организација, но тоа не значи дека го загрозува партнерството и дека ќе се создаде некое незадоволство сѐ до непочитување на партнерството. Нема никакви проблеми кои би нѐ загрозувале нас, коалициските партнери – рече Ахмети синоќа на прославата на годишнината од Охридскиот рамковен договор во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.