Првото барање кое ДУИ ќе го испрати за време на преговорите по изборите за составување на новата Влада е премиер Албанец, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за ТВ21.

Денес на масата на идните преговори, ДУИ како прво прашање ќе го постави премиерот на земјата, изјави Али Ахмети во „Изборни дебати“ на ТВ21.

Додава дека доколку не се случи да биде прифатен нивниот предлог, не верува дека без ДУИ би можело да се формира Влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.