Лидерот на интегративците, Али Ахмети, бара сите функцинери да поминат низ процес на ветинг, за да се провери како го стекнале имотот, но за да се изврши контрола на нивната личност, објави Фокус. Според Ахмети преку овој систем на проверка ќе се спречат нап ади врз функцинерите и ширење на ла жни вести.

На прашање за пратеникот Павле Богоевски и аферата која пуkна по објавување на нелегално снимен разговор, Ахмети вели дека не е во тек.

Со ветинг процедура ќе бидеме поуспешни во владеење на земјата и ќе се намалат измислувањата и нападите во јавноста против различни функционери. Не сум во тек со случајот за Богоевски и затоа бараме ветинг – рече Ахмети.

Тој додаде дека се уште не разговарал со премиерот Зоран Заев за реконструкција на Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.