Во централата во Мала Речица денеска точно напладне лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе се соочи со водачите на „огнената група“ Изет Меџити, Муса Џафери и Блерим Беџети. Се очекува „огнените“ на маса да ги стават барањата за реформа на партијата, односно конечно три години по Конгресот да се дооформат партиските тела – Централното претседателство и нaјтесното партиско раководство, пишува „Слободен печат“.

„Огнените“ преку писмо веќе побараа одлуките во партијата да се носат во партиските органи, а не двоецот Ахмети – Груби. Незадоволни од работата на министрите „огнените“ бараат смена на првиот вицепремиер и на други министри, како и отчет за досега сработеното во Владата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.