Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по лидерската средба изјави дека ова бил најконструктивен состанок до сега. Тој потврди  дека сите политички партии во државава се едногласни дека државата мора да започне преговори со ЕУ.

За парламентарните избори кои премиерот Заев ги најави на 12 април догодина, Ахмети рече дека е најважно тие да бидат демократски.

Лидерот на ДУИ додаде дека е договорено земјата да го ратификува НАТО протоколот и да го изгласа Законот за одбрана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.