Али Ахмети, лидерот на ДУИ на гостувањето во ТВ21 во емисијата „Клик Плус“ коментираше и за изборната кампања. Тој ги коментираше зборовите на Заев дека „Албанците не вредат пет пари“.

Ахмети рече дека Заев го кажал тоа под влијание на емоции, и дека сметал дека ДУИ со кандидатот за премиер сакал да се реваншира, но потоа лидерот на ДУИ му објаснил на Заев дека не била тоа причината.

Не, ми кажа и отворено тоа било бидејќи ние излеговме со кандидат за премиер, и дека тоа го правиме за да се реваншираме и за да го дискредитираме ликот на г. Заев, јас му објаснив дека тоа нема врска ни со дискредитирање, ниту со реваншизам кон г. Заев, туку дека станува збор за ветување од Вториот конгрес на ДУИ, дека ние се ориентираме кон највисоките државни органи, претседател на државата, премиер, се до тајните служби на државата. Тоа треба да ги радува сите, не само македонските политичари и граѓани на РСМ, од македонската заедница, за таа наша посветеност бидејќи ја чувствуваме оваа држава за наша, не сме лицемерни, да бидеме пристрасни или да се однесуваме како набљудувачи на настаните.  Ние преземаме одговорност за водење на оваа држава, бидејќи во душата ја чувствуваме за наша држава. И оваа држава треба заедно да ја градиме.“, рече Ахмети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.