Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска беше во Струга каде зема учество на обуката организирана од огранокот на ДУИ во Чаир, во соработка со Американскиот Интитут НДИ и ИРИ. Ахмети рече дека ДУИ очекува нова победа на изборите што ќе се одржат на 12 април.

Девојките и момците кои се приклучија на нашата визија и кои ги креираа нашите успешни политики кои се прифатени од граѓаните, донесоа последователни победи од 2002 година и ќе ја донесат и новата победа на 12 април. Ова е изборниот штаб на нашиот огранок во Чаир, посилен, по иновативен, поподготвен, со нови луѓе и победник. Вакви штабови имаме и во Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Дебар, Сарај, Боговине, Теарце, Желино, Липково, Куманово и во сите 36 ограноци. Градиме нови генерации на еден модерен ДУИ, иновативен, инклузивен, компатибилен со тоа што се бара денес и утре, ДУИ каков што ти го сакаш, конзинстентен, истраен, победнички и одлучувачки-, рече Ахмети во својот говор.

Инаку целта на обуката беше стекнување на нови демократски механизми за објективно согледување на барањата и потребите на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.