Лидерот на ДУИ Али Ахмети се присети на деновите минати во униформата на УЧК. Денешниот ден за оваа организација и нејзините членови е „триумф на каузата за ослободување на Косово од канџите на заробеништвото“.

Денеска се навршуваат 23 години од триумфот на нашата кауза за ослободување на Косово од канџите на заробеништво, агресија и геноцид и, беше чист како солзаИ немаше како поинаку да заврши борбата, зашто на Косово патриотизмот, правдата, идентитетот и дигнитетот се штитеше со крвта на синовите и ќерките. Слава за сите паднати за слобода и вечна благодарност до сите меѓународни пријатели со чија поддршка ја завршивме сагата по неправдите сторени врз нашето Косово, напиша Ахмети на Фејсбук.

Кумановскиот договор е воено-техничкиот договор склучен меѓу KФОР и владите на СР Jугославија и на Р. Србија, ноќта меѓу 9 и 10 јуни 1999 г. на воениот аеродром близу Куманово, во базата на KФОР – Tалон, дел од операцијата на НATО во Косово. Со него се означува крајот на НАТО бомбрадирањето на СР Југославија. Договорот предвидува позиционирање меѓународни вооружени сили во Косово (KФОР) и повлекување на југословенските вооружени сили од Косово до 20 јуни 1999 г..

Кога силите на КФОР почнале да влегуваат во Косово се создала трка меѓу руските трупи стационирани во БИХ и НАТО, стациониран во Албанија и Македонија.

На Косово прв стигнал рускиот конвој со околу 180-200 војници со обележјата на КФОР од составот на мировната мисија на Обединетите нации. Генералот Весли Кларк му наредил на британскиот генерал Џексон, командант на КФОР, да ги пресретне Русите и да ги оневозможи.

Првиот контингент од околу 800 германски војници во составот на КФОР влегол истиот ден околу пладне од македонска територија кај Блаце заедно со британските трупи, додека припадниците на италијанската војска влегле во ноќта меѓу 14 и 15 јуни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.