Деновиве во Тирана се дебатира за улогата на УЧК и на обвинетите команданти. Потпретседателот на Демократската партија на Албанија Еди Палока тврди дека премиерот Еди Рама и руското Министерство за надворешни работи се единствените кои сè уште зборуваат за Жолтата куќа, во која според повеќе извештаи се правеле операции за вадење органи од заробеници на УЧК за време на косовскиот конфликт. Како главни организатори на нелегалната болница се посочуваа Рамуш Харадинај и Хашим Тачи како поранешни припадници на УЧК.

Неколку медиуми објавија дека еден од можните сведоци би можело да биде и Артан Груби, актуелен прв потпретседател на Владата.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на ТВ 21 рече дека првиот вицепремиер Артан Груби имал само улога на преведувач во таканаречената „Жолта куќа“ на Косово.

Тој работеше како преведувач и службеник во седиштето на НАТО во Скопје. Беше преведувач и на Холандската амбасада во Скопје, но беше преведувач и на Хашкиот трибунал, 7 или 8 години. Откако се врати од Хаг продолжи да работи во НАТО и Холандската амбасада во Скопје  – рече Ахмети. Ништо повеќе од тоа – рече Ахмети, додавајќи дека не му е пријатен нападот врз тогашната ОНА која, според него, се борела за права и слобода на Албанците во Косово.

Тој додаде дека би било наивно да се тврди дека Груби  не ја знаел материјата за „жолтата куќа“, но како преведувач, а на како истражител бидејќи тој не бил тоа. Но го знаел материјалот бидејќи преведувал и дел од интервјуата кои ги правеле истражителите од Трибуналот во врска со оваа куќа и затоа не му е јасно зошто сега од Тирана се посочува како сведок.

Неколку медиуми објавија дека еден од можните сведоци во врска со „жолтата куќа“ би можело да биде и Артан Груби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.