Актуелниот градоначалник на Липково Еркан Арифи најверојатно ќе биде кандидат за уште еден мандат на чело на оваа општина на претстојните локални избори.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети објави вечерва дека, до Генералниот совет на партијата, ќе го предложи Арифи за кандидат за градоначалник на Липково.

Според Ахмети, Арифи има едногласна поддршка од сите локални совети, ограноци и граѓани затоа што, како што оценува, работел добро за жителите на Липково.

Со ова, владејачката ДУИ, практично, ја почнува постапката за избор на кандидати за градоначалници.

На последните локални избори, во 2017 година, ДУИ настапуваше во коалиција со СДСМ, така што двете владејачки партии излегоа со посебни листи за советници, но со заеднички кандидати за градоначалници во општините со мешан етнички состав. Тогаш ДУИ освои 10 градоначалнички места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.