Али Ахмети вечерва прв пат се огласи за случајот со пукањето каде се сомничи пратеникот Џеват Адеми. Според Ахмети Џеват Адеми не е тој што го сторил делото. Ахмети смета дека треба да се почека органите на редот да го кажат својот збор. Шефот на интегративците Али Ахмети застана во одбрана на Адеми за овој случај, каде од страна на родителот на повредениот Јусуф Билали, пратеникот беше обвинет дека тој го сторил делото.

Има правосудни органи, има органи на редот и тие треба да ја кажат вистината за тоа како се случил настанот. Никој не сака ниту да го убие момчето, ниту да го убие пријателот и барем Џеват Адеми не е тој што го сторил делото, но, ова е прашање кое треба да го кажат правосудните органи. Џеват во овој случај повеќе е жртва на озборувања“, изјави за Алсат Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.