Лидерот на ДУИ, Али Ахмети приредил проштален ручек за американскиот амбасадор Џес Бејли, кој од должност заминува во почетокот на месец март. Ахмети и амбасадорот Бејли како што информираат од партијата направиле ретроспектива на четиригодишната соработка и на постигнувањата на земјата во овој период.

Соговорниците исто така разменија мислења околу Демократската Унија за Интеграција и за перспективите во наредните две децении, членството во НАТО и ЕУ, реформите, претседателските избори, како и за дијалогот помеѓу Косово и Србија. Ахмети изрази благодарност до амбасадорот Бејли и неговата подржувачка улога за излез од кризата и чекорењето кон евроатлантската интеграција. Во овој период се затвори спорот со Грција и Бугарија, се постигна јазичната еднаквост, де факто сме членка на НАТО и очекуваме во јули да добиеме датум за почеток на преговорите за членство во Европската Унија. Но, останува да се направат уште многу работи, како реформата на органите за безбедност, администрацијата и владеењето на правото”, стои во соопштението испратено до Мала Речица.

Ахмети му порачал на Бејли дека кога и да се врати за да ја посети Македонија, ќе најде конак во неговиот дом и неговото семејство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.