Претседателот на ДУИ, Али Ахмети ги предупреди сите негови политички противници да се оградат од „бомбите“ што се споделуваат за неговата партија.

Тој вели дека со тоа нема да добијат ништо, затоа што се само сервис во рацете на политичката полиција.

На првото собрание на ДУИ што се одржа во Сарај пред партискиот конгрес свое обраќање имаше Ахмети, кој зборуваше за, како што рече, пропагандата која сите на див начин и како волци ја организираат против ДУИ.

„Каде им се фактите, нека покажат еден аргумент од десетиците илјади прислушкувања дека некој од ДУИ ја има злоупотребено власта и довербата, дали овие луѓе мислат дека Албанците пасат трева и ќе нè казнат нас поради приватни разговори, тие може да имаат краткотраен ефект, но подоцна граѓаните ќе почнат да размислуваат“, изјави тој.

Ахмети вели дека како лидер на ДУИ прв ќе ги поздрави издржаните докази против функционери од неговата партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.