ДУИ токму сега се насочува кон зелената агенда, зошто во изминатите 19 години имавме друга агенда вели лидерот на Демократска унија за интеграција, Али Ахмети, кој вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ2.

Видете, ние 19 години имавме друга агенда. Ние имавме сериозни предизвици барајќи ги нашите права како Албанци. Ние 19 години работевме за да се имплементира Рамковниот договор. Сега нормативниот дел на Рамковниот договор е завршен. Правичната застапеност беше наш приоритет. Генерално, се боревме за правата на Албанците. Наш приоритет беше зачленувањето на Македонија во НАТО. Тука имаме и ние сериозен придонес. Сега, можеме да се фокусираме кон проекти кои носат подобар живот не само за Албанците, туку за сите граѓани на Македонија, посочи Ахмети.

Тој додава дека ДУИ е стабилна партија, која секогаш кога ветува истото го испорачува.

Ние сме храбри, дејствуваме храбро. Граѓаните знаат дека ДУИ ветува и испорачува. ДУИ секогаш ги добива изборите. Сега, одиме сите заедно напред, очекуваме поддршка, порача Ахмети.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.