Политичкиот аналитичар Агим Јонуз јавно реагира за негрижата на државата кон спомениците на најсјајните ликови од македонската историја.

Јонуз коментира дека е срамота владини претставници да имаат активности за одбележување на најзначајниот датум во македонската историја пред споменик, кој поради негрижата останал без барем третина од буквите, каков што е тој на Методија Андонов Ченто во центарот на Скопје.

Таквите постапки, односно поклонувањето пред осакатени, сквернавени споменици и обележја со паднати букви… само ја покажуваат неискреноста на владините претставници кои само глумат гордост со името и делата на славните историски ликови.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.