Управа за безбедност и контраразузнавање открива и попречува дејности насочени кон поткопување или уривање на поредокот утврден со Уставот и загрозување на безбедноста на земјата. Што значи врши опареции, мисии акции внатре во државата. Нејзина надлежност не се други земји ниту пак нејзините агенти смеат да вршат операции надвор од границите на Македонија.

Но според извештајот пронајден во досието кај Ременски, тројца вработени во Управата со месеци не доаѓаат на работа. Тоа не се случувало само една година туку низ неколку години отсуствата траеле подолго. Нивното често отсуство е пријавено до ванатрешната контрола, која открила каде се двајцата вработени и какви задачи извршуваат.

Тројцата припадници на УБК имале еден идентитет за во Македонија, но друг за надвор од државата. Слично како Варелов и тие добиле пасоши со имиња и презимиња од Македонија но дали ликовите се измислени или вистински постојат како што беше случајот со Варелов, истрагата треба да покаже.

Кoд дознава дека нивна задача била да работат со лажниот идентитет надвор од границите на службата и државата – во други земји, а дел од тие земји се и членки на Еверопската унија или НАТО. Задачата им била следење, снимање, собирање податоци за лица.

Во извештајот, според извор на КОД, стои и дека се користени возила со уреди за следење. Биле користени камп-возила со светла боја и скопски таблички, но фалсификувани.

Тајните агнети не го вршеле ова за македонската тајна служба УБК, туку за служба пријателска на Петтата управа со која има долгогодишна соработка.

Скандалот што го открива Код може да има далекусежни последици во македонските евроинтеграции.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.