Политичката сцена во државава изобилува со негативни вести. Едниот табор на дневна основа лиферува вести за своите противници, исто како и противничкиот табор. Од таквата прашина многу потешко може да се види суштината и целта е да се загуши вистината.

Доколку се анализираат двата водечки ликови на политичката сцена Заев и Мицкоски невозможно е да се направиви еквивалент, иако перцепцијата која се гради преку провладините медиумски трубадури е сосема понаква и најдобро се изразува низ фразата сите се исти. Но дали е тоа така?

Ако се земат аферите кои едните со другите си ги препишуваа може да се заклучи дека зад името на Зоран Заев стојат сериозни сомнежи за злоупотреби, енормно богатење, драстично зголемување на имотот, амнестија, видео за барање на поткуп,обвинување за Рекет. Од друга страна е Мицкоски преставува бел лист хартија споредено со Заев, позади кој таканаречените афери се всушност лажни вести креирани од партиската кујна на опонентот, како што беше градбата на хидро централи за која се докажа од Државната комисија за спречување на корупцијата дека е невистина фабрикувана од кујната на власта и портпаролските перјаници, поточно дека нема ништо спорно, и тој бизнис своевремено е отуѓен.

Да одиме со ред.

Аферите на Зоран Заев започнуваат во 2008та година кога тој е упасен заедно со уште неколкумина за бесправна легализација на тговскиот центар Глобал, афера тешка 8.5 милиони евра, во кој се вмешани неговите бизнис партнери. Зоран Заев само што влезе во притвор беше амнестиран од тогашниот претседател на државата Бранко Црвенковски.

Излегувањето од притвор не стави крај на аферите на Заев. По една година изби аферата тендери тешка 20 сетина милиони евра каде со години биле давани општински тендери на фирми на братучеди,чичковци и блиски роднини на Зоран Заев.

Врвот на аферите беше видео снимката каде Заев бара поткуп од 200 илјади евра при што самиот признава дека парите пола ќе завршат кај неговиот брат Вице.

Откако обвинителката Валентина Беслимовска направи измена на обвинението од „примање“ во „барање“ поткуп обвинението падна откако Заев стана премиер. Инаку според неофицијални информациии обвинителката Беслимовска е роднина на Марко Беслимовски кој раководи со регулаторната комисија која се најде во центарот на вниманието откако се покачи електирчната енергија.

Потоа семејството Заеви реши да се рашири и во бизнисот со садење на марихуана, а воедно за време на премиерувањето на Заев познато е широкото распространување на компаниите кои добија лиценца за тргување со овој опиат. Заеви го проиширија и својот бизнис во Бугарија.

Од финансиските афери позната е онаа снимка каде Заев му нуди мито на вселенскиот партријарх Вартоломеј, а ова лето се обвистини и претходно објавениот разговор со бизнисменот Дака, кој самиот тврдеше дека дал пари за купување на Шик Јелак каде советот на општина Тетово со мнозинството на СДСМ и ДУИ овозможи градба на 2000 станови бизнис вреден 200 милиони евра.

Зоран и братот Вице Заев е вмешан во аферата Еростандард, попозната како вториот Тат. Според признание на самиот Зоран Заев братму Вице е еден од луѓето кои влечеле кредити од банката, а според информациите капиталот на банката бил обезвреднуван откако 29 струмички фирми влечеле од капиталот на банката со што останаа измамени стотици штедачи.

Изрекетираните пари барајте ги кај Вице и Зоран Заев, изјави Бојан Јовановски, осуден во аферата рекет каде со Луј Витон чанта беа изнесувани пари за средување на судски предмети. Судот досега под чудни околности не препозна вина кај никој од највисоката власт.

Ова се дел од морето афери за Заев, додека афери кои се поврзани со финансиски проневери кај Мицкоски нема. Но има неколку гревови за кој му забележува власта. Наспроти, рекети, поткупи, уцени, фамилијарни тендери на Заев кај Мицкоски најголемиот грев беше вежбањето во теретана. Провладините медиуми објавија снимка на која се гледа Мицкоски како вежба обвинувајќи дека тоа вежбање било за време на карантинскиот полициски час. Дури за веродостојност на лажната вест се потрудиле да нацртаат и ракавици на рацете на обезбедувањето на Мицкоски.

МВР на Спасовски утврди дека снимката е со постар датум и не е за време на карантинскиот час, туку во нормален период минатата година. Но извинување за лагите сеуште не е добиено.

Вториот грев на Мицкоски беше ручекот во кафана Дебар Маало каде во предизборниот период беше употребен цел одред на специјалци за да се фати Мицкоско како руча во затворениот делод кафеаната наместо во летната бавча како што пропишуваа мерките на вонредната состојба тогаш. Мицкоски веднаш се изнвини за направениот пропуст, но медиумската хајка продолжи. Еднаод проминентните лаги за Мицкоски е дека струјата како директор на ЕЛЕМ ја поскапел за 100 проценти, што не е вистина. Најпрво цената на струјата ја покачќува или снижува регулаторната комисија, а не државното ЕЛЕМ, второ такво покачување никогаш не се случило.

Комуникологот Милош Стојневиќ вели дека пропагандата е борба на перцепции. Во македонското општество политичките сили се насочени кон црнење на противникот, наместо кон фокусирање на сопствената понуда. Тоа предизвикува поматување на јасната слика кај граѓаните, истакнува Стојневиќ.

Македонското општество е оценето за најкорумпирано во Европа, а тоа се нотира и во извештаите на Европската Комисија, која воопшто не ги чита власта и ги става под тепих.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.