Аферата „Мафија“ може да нè исфрли од безвизната зона поради пробивање на најважните податоци на граѓаните на Македонија.

Аферата „Мафија“ која премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се обидуваат да ја релативизираат, додека СДСМ прави дефукос во јавноста и манупулација на населението, Македонија може да ја кошта премногу кон патот на ЕУ.

Издавањето на пасоши на наркобосови и членови на шкаљарски клан, кавачки клан, членови на албанската и италијанската мафија е огромен скандал на меѓународно ниво, кој не може да помине без посеризни импликаации врз Македонија.

Фалсификат македонски пасош издаден од МВР на Спасовски добил и Валид Иса Хмаис, преку кој италијанската мафија ги перела парите од трговијата со кокаин.

Јован Вукотиќ шеф на познатиот Шкаљарски клан е едниот од двајцата големи балкански наркобосови кои добиле македонски пасоши од МВР. Вистинските македонски документи Вукотиќ ги добил на име Георги Андонов.

Второто лице е Седат Пекер турски државјанин кој неодамна беше протеран од Македонија, а претходно се сликал со високи државни функционери. Пекер кого го гони и Турција, во Македонија бил Џадин Амедовски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој истакна дека во врска со аферата „Мафија“, Заев и Спасовски требаше да си поднесат оставка уште првиот ден откако се објави аферата, затоа што станува збор за страшен криминал.

Ај што се неспособни, ај што се криминогени, се уздисале со криминалци, сега се обидуваат невешто да се бранат, а цела јавност им се смее, на овие луѓе како лоботомија да им е направена, требаше да си поднесат оставки уште дента за колку толку да ја санираат штетата, вели Мицкоски.

Настрана од внатрешните политички импликации случајот „Мафија“, со издадени 215 македонски пасоши со лажен идентитет на меѓународни нарко-швецвери, на МК може да ѝ создаде сериозни проблеми по однос на безвизниот режим кон земјите членки на ЕУ, вели пратеникот Антони Милошоски, кој потенцира дека доколку нема сериозна истрага на Интерпол и ЕУ за овој скандал, се ризикува безвизниот режим да биде ограничен, или да биде суспендиран.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.