Аферата „Рекет“ што ја отвори ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, за која Катица Јанева поднесе оставка, а а Боки 13 и Зорн Милевски Кичеец завршија во притвор, добива нови, многу сериозни криминални димензии кои се однесуваат на скап имот на осомничениите во Империја кој завршил кај бизнис партнерот на Кичеец и кај Tрајче Заев – објави вечерва Сведок.мк

СВЕДОК, повикувајќи се на извори во истрагата објави дека ќе се испитува и рекет платен со автомобилите и јахтите на Орце Камчев, Дејан Панделески и Сеад Кочан кои сега ги имаат бизнис партнерот на Зоран Милески Кичеец, Владимир Стаиќ викан Роштиљ и во семејството Заеви.

Јавната обвинителка Вилма Рускоска, според изворите на кои се повикува Сведок, се очекува да ги истражи како било направено биле префрлени на нови сопственици и тоа: како јахтата на Дејан Панделески-Пелистерка сега е сопственост на Владимир Стаиќ – Роштиљ, која, според информации од извори во истрагата, непречено плови по Јадранот.

Втората работа што ќе се испитува е дали и како „ Бентлито“ на Орце Камчев сега станало сопственост на Трајче Заев, близок роднина на премиерот Зоран Заев. Рускоска и обвинителството,пишува Сведок, ќе мора да истражат и како „Бентлито“ на Сеат Кочан сега станало сопственост на Владимир Стаиќ-Роштиљ? Ќе се истражува и како „Мерцедесот С 500“ на Орце Камчев станал сопственост на Владимир Стаиќ – Роштиљ.

Од овие инфорамции се доаѓа до заклучок дека не се плаќал рекет само во кеш туку и во скапи автомобили и јахти.

Засега јавноста дозна само за кешот од 1,5 милиони евра во ташна „Луј Витон“, но излегува дека рекетарската афера ќе достигне милионски размери во кои се вклучени повеќе луѓе.

Сомневањата се дека глаавниот ортак на Зоран Милевски Кичеец преставник на Галф Македонија, преку Галф Албанија е „Супертрејд“ на Владимир Роштиљ и заедно биле вториот дел од рекетот кој што бил наплатен во скапи автомобили и пловила – пишува Сведок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.