Аферата „Паразити“ открива голем број функционери именувани од оваа аздисана власт на СДС и ДУИ кои земаат баснословни плати во време на криза, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додека народот гладува Томислав Тунтев, кадарот на СДС како именуван директор во Агенцијата за цивилно воздухопловство зема месечна плата од 203.000 денати, односно за еден мандат  ќе бидат исплатени 9.744.000 денари.

Директорот на ПУИК, Зоран Ѓорѓиев добива месечна плата од 105.000 денари, а во текот на еден мандат ќе инкасира 5.040.000 денари.

На јавноста познатиот провладин аналитичар Љупчо Зиков е функционер во МЕПСО за месечна плата од 80.000 денари, што значи дека за еден мандат ќе добие 3.840.000 денари.

Членот на УО во Телеком Никола Љушев добива месечен надоместок од 713.000 денари, што за еден мандат достигнуваат 34.224.000 денари.

Само овие 4 функционери именувани од владата за еден мандат добиваат баснословни 858.000 евра, колку што сите вработени во една просечно голема конфекција заедно нема да ги добијат во време од 4 години.

Да потсетиме дека други двајца владини функционери  за еден мандат добиле 473.000 евра, односно Фахрудин Хамиди и Владо Крстевски како директори во М-НАВ добиваат месечна плата од 345.000 денари, односно 266.000 денари.

Власта на СДС и ДУИ бесрамно бара од народот на штеди а тие аздисуваат со исплати на неверојатни плати на своите функционери. Крати пари за студенти и земјоделци, а има за милионски хонорари. Додека државата се задолжува, мала група се богати на сметка на народот.

Аферата „Паразити“ ја покажа целата забеганост и хипокризија на власта. Денес ќе следи ново продолжение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.