Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска ја коментира изјавата на скопскиот градоначалник, Петре Шилегов кој најави барање до Обвинителството да изрече притвор за човекот кој уништувал градски имот. Таа е изненадена како нејзиниот колега, адвокатот Шилегов, не знае кој бара, а кој дава притвор.

Градоначалникот на Скопје рече дека ќе бара од ОЈО да му изрече мерка притвор на лице кое го кршело зелениот покрив на ГТЦ.

Сега истово ова, разложено.
Градоначалникот!
Градоначалник ќе бара притвор!
А кој да изрече!?
Обвинителот!

Градоначалникот е поранешен адвокат и нормално дека знае дека обвинител бара, а суд изрекува мерка притвор.

Никако не може градоначалник да бара притвор, а обвинител да изрече.

Грешка напраи човекот.
Фројдовска грешка, пишува Јошевска Анастасовска за барањето на Шилегов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.