Разочаран е адвокатот Насер Рауфи, бранител на некои од членовите на Кумановската група, од одлуката на јавниот обвинител да не се измени обвинителниот акт во врска со настаните во Диво Насеље и останува на обвиненијата за тероризам во втората судска постапка.

По денешното прво рочиште во Апелациониот суд во Скопје Рауфи е категоричен дека членовите на кумановската група не извршиле терористички акт.

– Тероризам е кога се напаѓаат и кога цивилите се изложени на ризик. Нема ниту еден доказ дека тие ги нападнале цивилите, туку, туку напротив, во неколку случаи ги заштитија. Полицијата ги загрозила цивилите за време на акцијата, вели Рауфи.

Тој со уште еден адвокат на одбраната, Мефаил Арслани, ја поддржа акцијата на членови на кумановската Група за бојкот на седницата, велејќи дека оваа одлука е последица на судската неправда што им беше направена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.