Адвокатот на Тони Трајковски, Јовица Страшевски, денеска поднел кривична пријава до претседаетлот на Кривичниот суд Иван Џолев, ексклузивно дознава Република.

Кривичната пријава е поднесена по три основи:

  1. злупотреба на службена положба и овластување  по чл. 353 ст. 5 од КЗ
  2. неосновано работење во службата по чл. 353 ст. 2 од КЗ
  3. непријавување подготвување кривично дело чл. 363 ст. 1 од КЗ

Во пријавата Џолев се товари за давање налог и распоредување на поротничката откако ѝ бил истечен мандатот.

Кривичната пријава на адвокатот Страшевски е поднесена за натамошно постапување до Министерството за внатрешни работи и од Републичкно јавно обвинителство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.