Адвокатот Мерџан Даути, кој ја застапува градежната инспекторка од Гази Баба Елисавета Најдовска во предметот „ТНТ“ денеска до Врховниот суд ќе поднесе барање за покренување дисциплинска одговорност и барање за разрешување на претседателот на Судскиот совет Киро Здравев, дознава „Република“ од доброинформирани извори.

Според нашиот извор, иницијативата на Даути се темели на членот 34 став 1 и 2 од Законот за судски совет, за влијание врз независностаа на судиите вклучително и на судија-поротник и за занемарување и неизвршување на функцијата во советот.

Даути се одлучил на овој чекот поради фактот дека претседателот на Судскиот совет не дозволува одржување на итна седница на Судскиот совет на која ќе биде разрешена судијата-поротник Лилјана Ивановска-Кочоска, а со тоа учествува во помагање на незаконското работење на судовите во Република Македонија.

Исто така, Даути не отстапува од барањето да ја користи законската и уставна можност за користење на албанскиот јазик во текот на судската постапка, што не му е дозволено.

Во прилог на иницијативата, како што дознаваме, ќе бидат поднесени и неколку поднесоци испратени до Судскиот совет за кои Здравев нема постапено ниту пак презел какво било дејствие до овој момент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.