Утринава во Скопје се приведени Димитар Димовски член на Извршен комитет на ВМРО ДПМНЕ и Дејан Митревски – претседател на Општинскиот комитет во Аеродром. Во јавноста излегоа информации дека меѓу приведените е и поранешниот министер Миле Јанакиески.

Пресинг ТВ разговараше со адвокат на еден од приведените.

Полицијата беше коректна, немаше ставање лисици при спроведувањето. Мојот клиент е приведен врз основа на издаден налог. Тој сега е во суд каде чека да биде испрашан, изјавил адвокатот.

Димовски и Митревски биле приведени во рамки на големата полициска акција во која се апсат поранешни високи функционери, административни службеници и лица кои вршат работи од јавен интерес. Акцијата се спровела на неколку локации низ Скопје.


Повеќе на Пресиг ТВ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.