Адвокатот Асмир Алиспајиќ доби казна од 2.000 евра бидејќи на социјалните мрежи објавил статус во кој ја споменува судијката Софија Лаличиќ.
Спорниот статус адвокатот Алиспајиќ на својот „Фејсбук“ профил го објавил на 4 септември, а во него пишувало:
„Сваровски Софија Лаличиќ, дно од судија. Под итно разрешување”.
Според решението дадено од Основниот суд Скопје 1, со оваа објава адвокатот го навредил судот и е должен паричната казнада ја плати во рок од 30 дена од правосилноста на пресудата.
Во изјава за „МКД“, Алиспајиќ вели дека ваквата одлука е скандалозна и противзаконска, поради незаконско постапување на судијката во текот на судска постапка за разбојништво, во која тој бил бранител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.