Адвокатот Мерџан Даути испрати јавен апел до Судскиот совет и до министерката за правда Рената Дескоска, во кој понуди неколку предлог мерки за полесно справување со коронавирусот.

Апелот ви го пренесуваме во целост:

Најпрвин, сакам да изразам подршка и благодарнсот за целиот Ваш труд сега кога е најтешко на наши граѓани, уверен сум дека Вашите одлуки се државнички, дека Вашите одлуки всушност ќе помогаат да ја надминеме ситуацијата во која што се наоѓаме.

Со цел да придонесам кон справување со коронавирусост (Covid 19) бидејќи јавното здравје е заедничка одговорот и од нас зависи како ќе се справиме со овој вирус, предлагам неколку предлог мерки:

• Сите постапки во судовите да се прекинат, освен за предметите каде е определен мерка ефективен притвор;

• За предметите за кои ќе настане прекин во судењето да се донесе уредба со законска сила која ќе го прекине течењето на роковите со тоа што нема да може да настане застареност на предметите или други негативни реперкусии;

• Под итно да се судат и предметите за сите лица за кои ќе се утврди кривична одговорност за прекршување на одлуките на Владата, а поврзани со коронавирусот (Covid 19);

• Секој суд на својата веб-страница јавно да објави кои предмети ќе продолжат со судење со наведување на точниот термин и сала, а не истото да се прави на шалтерите на судовите;

• Министерството за правда или судовите за секое лице кое ќе влези во судот да обезбедат заштитна маска и нараквици, кои се задолжителни со справувањето на корона вирус;

• Секое лице кое ќе влезе во судот да потпише изјава под морална и кривична одговорт дека не патувал надвор од земјата во последните 14 дена, но и дека не е во самоизолација.

Апелирам овие мерки да ги донесете во текот на утрешниот ден, бидејќи секоја задоцнета мерка може да предизвика нови заболени лица со коронавирус. Не дозволувајте да се случи нешто што никој не би го сакал за себе.

Со неносењето на ваков тип на мерки во услови кога СЗО прогласи пандемија, а претседателот Стево Пендаровски вондредна состојба поради коронавирусот, судот како државен орган да не врши повреда на правото на животот заштитен со член 2 од Европската конвенција за човековите права, на сите присутни во судовите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.