Петар Димовски, адвокат на првообвинетиот Никола Груевски рече дека тој не е организатор на настаните пред Општина Центар во 2013 година.

Димовски нагласи дека Груевски е обвинет врз основа на телефонски разговор на Жерновски „да му се мавнат пет-шест шамари” кои никогаш не се случиле. Такви разговори рече тој се случуваат секојдневно. Згора на тоа разговорот е копија и е незаконски прибавен. Покрај тоа вештакот кој го вештачел нема лиценца во Македонија.

Тој жали што како сведок не е повикан владиката Агатангел бидејќи тој ќе потврдел дека Црквата, а не Груевски е организатор на настанот.

Адокатот се пожали и на двојни аршини и потсети на протестите на „шарените”.

Кршење на канцеларија на претседател на држава е демократија, а кршење на прозорци во општина е на насилство, праша адвокатот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.