Владиниот генерален секретаријат месецов, во период од десетина дена, објавил 4 огласи за вработување на вкупно 18 лица на разни позиции.

Според податоците од Агенцијата за администрација, која ги води постапките за вработување во државната администрација и јавниот сектор, огласите се објавени во периодот од 11 декември до денес, така што два од четирите огласи се објавени на ист ден – 20 декември.

Имено, генералниот секретаријат во рамки на Владата, според првиот активен оглас за вработување објавен на 11 декември, бара еден виш соработник за организациона поддршка и еден виш соработник за стручно-административна и оперативна поддршка.

Преку двата огласи (1 и 2) објавени на 20 декември, владата бара вкупно 10 луѓе, меѓу кои советник за анализа и истражување, соработник за конкурентност и соработка со меѓународната заедница, самостојни референти за видео-монтажа, за архивски работи, за фотографија, за оддржување и за видео-архивирање, како и помлади соработници за истражување и анализа на пазари и за организациона поддршка.

И, со последниот оглас објавен денес, на 23 декември, се бара и советник за унапредување на регулатива, самостоен референт за архивски работи и помлади соработници за оперативно-логистичка поддршка, за истражување и анализа и пазари, за информирање и интернет-комуникација и за оперативна поддршка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.