Министерот за образование Арбер Адеми на својот фејсбук профил објави дека Владата на денешната седница усвои сет образовни мерки со кои обезбедуваме непречено функционирање на воспитно – образовниот систем! Меѓу нив е укинувањето државната матура, училишната матура и завршниот испит за оваа учебна година!

-Учениците од основните и средните училишта не се враќаат во училишните клупи до крајот на наставната година!

-Тековната учебна година до крај ќе продолжи да се реализира преку организирање на далечинско учење, односно учење од дома! Уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година ќе се врши во јуни! Се уредуваат уписите на високообразовните установи!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.