Поранешниот министер за образование, Арбр Адеми во своето вечерашно гостување во емисијата „200“ на „Алсат“ рече дека во времето кога тој беше заменик министер, а потоа и министерот за образование иницирал промени во Законот за учебници за основно и средно образование, по што, според него, се подобрени 51 учебник.

Претходната законска рамка не дозволуваше можност за корекција на учебниците. Во 2018 година, во тоа време како заменик. министер, а потоа како министер го сменивме законот каде што рековме ако во текст одобрен за употреба, постојат пречки или недостатоци во однос на научните, методолошките, техничките, како и во однос на преводот и адаптацијата и кои не надминуваат повеќе од 30 проценти од вкупната содржина на учебникот, педагошката служба од авторот, соодветно на авторите или издавачите бара предлог за промена на содржината, но истиот закон предвидува авторот, по сопствена иницијатива, или издавачот да побара подобрување на учебниците. Како резултат на промената на законската рамка, 51 учебник за прв пат е коригиран, содржината на учебниците е подобрена и тоа го сторивме со конкретен план, рече Адеми.

Претходно денеска, од Алијансата за Албанците во писмен допис упатен до министерката за образование Мила Царовска, побараа да се повлече од наставата учебникот „Географија на Република Македонија за втора година – реформирана гимназија“, зошто бил навредлив кон Албанците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.