Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, вели дека СДСМ е втора партија кај Албанците и дека подршката за оваа партија кај етничките Албанци продолжува да расте, затоа што тие покажале како се градат мостови за соработка внатре и надвор од земјата.

На Балканот имаше повеќе историја отколку иднина. Анкетите покажуваат дека СДСМ е втора партија кај Албанците после ДУИ. Овa e резултатот од една анкета реализирана пред една недела, истражување направено од институт кој што е веродостоен и верувам дека овој електорат во периодот што доаѓа ќе се зголемува, изјави Адеми во интервју за „ABC News”.

Тој додаде дека СДСМ во своите редови има потпретседател Албанeц, има директори во разни институции, помеѓу нив е и директорот за финанциска полиција.

И јас како Албанец кој доаѓа од редовите на СДСМ сум министер, не сум само јас претседател на комисијата за надворешна политика, претседателот за комисијата за финансии е Албанец во СДСМ, претседателката на комисијата за концептот едно општество за сите е Албанка, имаме тројца пратеници Албанци во редовите на СДСМ, така што СДСМ денеска е една граѓанска партија која што во себе има и Албанци, Македонци, Турци, Томи и од сите други етнички заедници, рече Адеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.