Носителот на пратеничката листа на ДУИ, Арбер Адеми, вечерва во изборната дебата на ТВ21 вели дека овие избори се натпревар помеѓу Албанците и двете македонски политички партии, мислејќи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

И на овие избори вистинскиот политички натпревар е меѓу Албанците и двете македонски политички партии. Познатиот биполар, кои сакаат по секоја цена да го сочуваат ексклузивитетот за клучните државни позиции, но дојде е време ова да заврши, бидејќи македонските политички партии зборуваат за уцени, за условувања од страна на ДУИ. Да, ДУИ уценува ако како уцена го сметате нашето барање да имаме премиер Албанец, уценуваме ако за уцена го сметате тоа Македонија да стане земја еднаква за сите, рече Адеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.