Доколку на пописот излезе дека Албанците се помалку од 20 отсто, тогаш нема да ги признаам резултатите, рече пратеникот од редовите на ДУИ, Арбр Адеми, во вчерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Адеми, како поранешен министер за образование и наука, изнесе и податоци за бројот на запишани ученици од учебната 2017/18 година.

Дали може да споделам еден податок со вас – бројот на учениците за учебната година 2017/18 година е 121.272 Македонци, односно 64.22 отсто, а 60.709 Албанци, односно 32.15 отсто – рече Адеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.